Магија во домот: интересни идеи за новогодишната елка

Christmas Fireplace

По идеите за дневната соба и трпезариската маса, во претпоследниот од серијата празнични блог-написи, Ви претставуваме 26 идеи за декорација на елката 🙂

Времињата кога овој орнамент се декорираше само на еден стандарден начин се одамна зад нас. Во 2016-та влезете со некој необичен дизајн кој ќе привлекува погледи и ќе ја затопли просторијата како што само елката знае тоа да го направи. Играјте си со бои – поплуларен е трендот на елементи во бои на виножитото, димензии, форми, додадете голема декоративна трака, побарајте ги декорациите кои ги користевте кога бевте деца. Слободно употребете необичен детал како омилените фотографии  од изминатата година за да се потсетите на сите убави моменти кои ги поминавте, ќе изгледа фантастично!

Познатите дизајнери на ентериер велат дека сè попопуларни се црно-белите елементи во декорирањето, наспроти досегашната тенденција да се избегнува црната боја.
– „Заборавете на црната како негативна боја или како боја која е ефективна само при изборот на облека и мебел. Црно-белите декорации во комбинација со зеленото Божиќно дрво изгледаат перфектно, само додадете светло-жолти светилки и просторот ќе блесне како никогаш досега!“

За што и да се одлучите, овој елемент ќе ги стопли срцата на сите доколку го декорирате со љубов 🙂 Уживајте!