Неодоливо топол стан со портокалови детали

exposed-brick-studio-design

Дизајнерите на ова студио за главна акцент-боја одбрале толку совршена портокалова боја, што се чини дека ќе Ве затопли само гледањето во екранот 😀

Основната палета на бои ја сочинуваат неутралните тонови, како бела и сива, додека пак балансот и природата во просторот ги внесуваат дрвените елементи како подот, ногарките на масичката за кафе, светилката, како и зелената висечка градина која дополнително го акцентира просторот. Оваа комбинација на бои постигнува ефектен изглед, истовремено избегнувајќи портокаловата да делува пренападно, бидејќи и само еден силен детал плус некогаш знае да го уништи впечатокот.

white-brick2-600x471

light-grey-upholstery-600x450

Металот, циглите кои се пребоени во бело за да се задржи постоечката палета и црните детали, како ѕидот спроти гарнитурата за седење, црните рамки за слики и бројните детали кои се провлекуваат и во кујната и трпезаријата, претставуваат дополнителен елемент во станот кој делува индустриски и модерно.

orange-design-ideas-600x450

quaint-kitchen-table

Поради ограничениот простор и ограниченоста со дневна светлина, дизајнерите одлучиле да не поставуваат ѕидови меѓу дневната, трпезаријата и кујната, па успешно го употребиле open-plan концептот за кој веќе зборувавме поопширно како нов тренд во дизајнирањето.

Строгите линии и едноставноста на мебелот во кујната се балансирани со необичните столици во трпезаријата, светилките, како и големите завеси во нежна боја кои успеваат да го омекнат и развеселат и најдосадниот дизајн.

reflective-countertop-600x450