Малечок стан за авантуристи со стил – 48м2

image

 

Дизајниран од Eugene Meshcheruk, овој мал, светол стан бил прилагоден за младо семејство во Украина. Првиот чекор во ремоделирањето бил да се отстранат неносечките ѕидови од постоечката структура и да се отвори просторот што е можно повеќе. Новата фокална точка е суптилниот дрвен панел кој е искористен за дискретно визуелно да ја оддели дневната од кујната и трпезаријата.

Дрвени плочи, греди и цигли даваат разновидност на целиот дом, додека бледо жолтата основа создава удобен амбиент за уживање. Завесите од под до плафон исто така придонесуваат за open-air чувството во домот.