Одлично искористен простор во дом од 30m2

design-modern-apartment

Посебно дизајниран за двајца патувачи со стил, овој мал дом во Будимпешта доаѓа со површина од само 30 метри квадратни, но и многу интересни дизајнерски решенија. Распоредот е главниот адут на целиот стан, бидејќи токму тој обезбедува уникатна удобност и елементи кои потполно ги задоволуваат секојдневните потреби за живеење.

Кујната, спалната и канцеларијата се организирани во open-plan распоред. За номади кои се скоро постојано на пат, овој флексибилен дом овозможува едноставно и лесно функционирање во моментите кога се дома.

Фокусната точка лежи во нивелираниот простор за спиење, чија подлога сосема успешно се користи за складирање. „Овој елемент не само што дава природна нота на станот, туку е исто толку и функционален како парче од целата сложувалка“ – велат дизајнерите.

Мрежа од бел конец е искористена за визуелна поделба на просториите и давање чувство на приватност додека спиете. Отворената впечатлива закачалка дава можност за отворено складирање на облеката. Идеално, нели?