Дизајнерот Камински ја внесува природата во домот!

4-e1446198416497-1280x420
Едноставно наречен Flat #3, станот се простира на 55 метри квадратни, а со просторот доминираат неутрални бои и природни материјали.

Сива, беж, црна и бела боја ја чинат основната палета на бои која се протега низ целиот стан. Познатиот дизајнер С. Камински во центар на фокусот ги сместил необичните ѕидни облоги – освен на подот, дрвото ги краси и ѕидовите, па во најголемиот дел од ентериерот преовладуваат дрвени панели наместо „голи“ ѕидови и тапети.

1-1000x530

Трпезариската маса е изработена од истото дрво како ѕидните панели, а посебен стилски акцент на просторот даваат необичните столици налик на пчелин восок.

0008-1000x530

Материјалот на дрвените панели е исто така искористен за вратичките во кујната и кујнските елементи, па просторот добива една непрекината хармоничност. Посебен детал во кујната се плочките наредени асиметрично, акцентирани со бело неонско светло.

7-1000x530 3-1000x530

Спалната од остатокот од просторот е одвоена со лизгачки параван кој пропушта доволно светлина во текот на денот. Монотонијата на сивите тонови е прекината со прекривките во портокалова боја со земјен тон, која не отстапува од целиот природен мотив како инспирација за дизајнот,

2.RGB_color-1000x530 5-1000x530

Истите тонови и материјали се пролекуват дури и во бањата, со исклучок на дрвените ѕидни панели кои се заменети со истите плочки како во кујната. Од дрво е изработено само тоалетното ормарче под мијалникот. Целиот простор во бањата е проширен, а светлоста и чистотата на просторот акцентирани со помош на огледало поставено по целиот ѕид.

0002-1000x530 00001-1000x530

Ви се допадна овој дизајн? Сакате ли Вашиот нов дом од Golden Art да изгледа вака? Разгледајте ја нашата понуда на станови тука, патот до нов стан кај нас е брз и лесен!