Зголемете го вашиот бизнис потенцијал во КАРЕДО, Карпош – нови деловни простори на продажба

Од 67m² до 1064 m², изборот на деловни простори е извонреден.

Премиум комплексот КАРЕДО на Голден Арт нуди избор на деловни простори за сечија потреба на одлична локација во општина Карпош. Споделуваме три од помалите канцелариски простори на понуда – 67m², 100m² и 168m² – неспоредлива можност и за новите, но и за етаблираните бизниси во Скопје.

Канцеларијата од 67m² е дизајнирана за ефикасност и потенцијал, совршена за стартапи или мали тимови. Внимателниот распоред го максимизира секој квадратен метар, поттикнувајќи креативна и продуктивна средина.

Во просторот од 100m² дизајнот нуди разноврсност за бизнисите подготвени да ги прошират своите операции без да ја жртвуваат удобноста и стилот.

За оние кои разамислуваат поголемо и сакаат динамичен работен простор, канцеларијата од 168m² обезбедува отскочна даска за претпријатијата во раст, со доволно простор за соработка меѓу тимови и дневни состаноци.

Со широката понуда на деловни простори, а има и многу поголеми – се до 1064m², КАРЕДО се издвојува како топ локација за бизнисите кои бараат адреса што сама по себе говори за нивната посветеност кон извонредност.

Она што го издвојува КАРЕДО е неговиот фокус на луксуз и удобност спојувајќи ги трите работи од неговото име – КАнцеларија, РЕкреација, ДОм. Располага со прецизно дизајнирани станбени згради од помал формат, јавни простори за релаксација со многу зеленило и голем број деловни простори кои задоволуваат различни потреби. КАРЕДО ќе има се што ви треба на едно место, од ресторани и кафулиња до фитнес центри, аптеки и салони за убавина.

Погледнете ги деловните простори и станови во КАРЕДО и закажете посета на лице место кај агентите за продажба на Голден Арт на 071/225-888 или 075/225-888.

ВАЖНО ПОТСЕТУВАЊЕ – Во тек е и наградната игра на Голден Арт, КУПИ ДОМ, ОСВОЈ СТАН во која секој купувач на недвижност од Голден Арт, во било кој од нивните објекти, влегува во лотарија за освојување на сосема нов стан во комплексот КАРЕДО, Карпош.