Зошто трособните станови во 4° се токму тоа што го барате?

 

„Дом, не само стан!“ – е нашето мото кое го знае секој. Ги градиме нашите објекти според докажаниот Голден Арт систем на градба кој уверува дека и после години ќе добиваме насмевки на задоволство од нашите клиенти. Едноставно кажано: Ги градиме нашите објекти како за себе.

Трособните станови во „4°“ затворениот комплекс во најурбаната населба во метрополата, Аеродром се нашата гордост. Замислени и успешно реализирани како идеални станбени единици за едно современо и модерно семејство тие се сето она што ви треба кога си го проектирате вашиот идеален свет.

„4°“  е на идеална локација помеѓу две од главните „артерии“ на градот – бул. 3. Македонска Бригада“ и бул. „Србија“, така што било која точка на главниот град е брза и многу лесно достапна дестинација. Трособните домови во  првиот влез на „4°“ комплексот се изведени на различни катни единици и тоа од  1.  до 9. кат, a нивниот распоред е идентичен – максимално практичен и проверено елегантен.

Она што ги прави посебни овие трособни домови е отворениот поглед и нестандардно големите прозори на исток кои ви го исполнуваат вашиот дом и дух со позитивна енергија и природна светлина. Изгревањето на сонцето е момент кој не сакате да го пропуштите. Природно ве будат утринските зраци во удобната спална соба, ве придружуваат дури го пиете вашето утринско кафе или чај во дневниот престој, а пристапот до терасата на исток е достапен дури од 3 простории.  Детската соба воопшто не заостанува зад квадратурата од главната спална соба, така што комфорот е неодминлив во било која просторија. Овие трособни станбени единици се златниот стандард во нашиот комплекс „4°“, класа за себе која едноставно ве повикува да си го замислите животот на едно вакво удобно место.

Истокот е секогаш поврзан со убави почетоци во приказните, ние дадовме  сè од себе токму овие трособни единици да бидат ваш дом, не само стан.

Погледнете го каталогот.

За информации околу слободните станови, цената и останатите детали, Ве очекуваме на 071/225-888 или 075/225-888.

Локација: Аеродром

https://maps.app.goo.gl/e9pPgEhuV3fSJLvM6

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.
Материјали: кликнете тука
Енергетска класа: А